Денес стојам пред врата на твоето срце како просјак.

 Ги знам твоите неволји, твоите страдања, твоите борби и слабоста на твојот живот. Го знам твојот кукавичлук, твоите гревови и покрај се, ти велам: "Дај ми го своето срце, сакај ме како што си".


Ако чекаш да станеш ангел да се предадеш на љубов, тогаш никогаш нема да ме сакаш.

Ако си слаб во исполнувањето на своите должности и практикувајќи ги своите доблести, и ако честопати паѓаш во оние гревови што не сакаш да ги направиш повеќе, јас ќе ти дозволам да ме сакаш.

Љуби ме како што си! Денес стојам пред врата на твоето срце како просјак.

Јас Царот над Царевите. Тропам и чекам, да ми отвориш. Не се повикувај на својата сиромаштија.

Ако можеш целосно да ја разбереш својата сиромаштија, ќе умреш од болка. И она што би  ме повредило е тоа, ако видам дека се сомневаш и ја изгубиш доверба во Мене.

Мисли дека ме сакаш онака каков што си. И нека дојде тоа што го сакаш. Не чекај да бидеш свет за да ме сакаш. Тогаш никогаш нема да ме сакаш. И сега, дете мое, оди, оди! ... и сакај ме таков како што си.
Свети Серафим Вирицки 

Comments