Skip to main content

Господи, ја просиме Твојата добрина

 Секогаш се молам за мир, но мир нема во животот, зашто гревот се шири и не дава спокој на никого. Каде да бегам од Тебе, Господи? На која страна да се скријам од Твоето лице? Небото е Твој престол; земјата Твое подножје; морето е Твојот пат; во адот – Твоето господство! Ако веќе е близу крајот на светот – тој крај нека не биде лишен од Твојата милост и добрина. Знаеш Ти, Господи, дека нашите неправди се многу и големи; зачнати во беззаконие и родени во грев, ние го носиме игото на својата злоба; ако не се Твоите милости и добрини, ние би загинале во своите беззаконија: не нè оставај Господи, Господи, зашто ние сме вкусиле од Твојата плот и крв. Кога делата на секого ќе се подметнат на испитание пред Тебе, Господи на сè, во тоа време не го одвраќај Боже, Твоето лице од оние, кои Го исповедуваат Твоето свето име. Оче, Сине и Духу Свети, спаси нè и запази ги нашите души. Господи, ја просиме Твојата добрина, прости ни ги прегрешенијата; презри ги нашите беззаконија; отвори ни ги вратите на Твојата милост; дај ни, Господи, мирни времиња; според Својата милост, милостиво прими ги нашите молитви; Ти секогаш ги отвораш вратите на небото за оние, кои се каат; Те молиме, не нè оставај без внимание, кога и ние затропуваме од срце на таа врата за милост и избавување!

 Свети Ефрем Сирин


Comments

Popular posts from this blog

Но зошто децата страдаат за гревовите на своите родители?

 Но зошто децата страдаат за гревовите на своите родители? Писмо за... страдањето и казнувањето на децата за гревовите на нивните родители. Се жалите за горчливата судбина на внуката. Пишуваш дека нејзиното страдање е необјасниво за тебе. Нејзиниот сопруг, службеник, заболел од срамна болест и починал во душевна болница. Таа била заразена од нејзиниот сопруг, а сега исто така завршила во лудница. Ти, знаејќи ја како благородна и побожна жена, се прашуваш како сезнајниот Господ можел да дозволи таков брак и воопшто толку сурово страдање на невино суштество? Ако вашата роднина е навистина побожна и љубезна, тогаш, се разбира, таа невино страда. Тогаш, можеби, треба да се бара причината во гревот на нејзините родители, зашто Возвишениот рече дека: "Кој ја чува правдата и покажува милост на илјадници, Кој проштава беззаконија, неправди и гревови, Кој виновни не очистува, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата – дури и внуците до третото и четвртото колено.” ( 2 Мој. 34:7). Н...

Јас би сакал да ве избркам од храмот со камшик...

 Јас би сакал да ве избркам од храмот со камшик...  Литургијата завршува. Владиката Питирим Нечаев излегува со Светиот Путир и почнува да го причестува на народот. Целиот храм ита кон него, се формира мало гурање во првите редови. Повикува свештеник, му го подава Путирот и влегува олтарот. Излегува со вториот Путир и стои на левата страна. Целиот ред од првиот Путир, особено луѓето од првите редови, нагло се движи кон него. Го повикува вториот свештеник, му го подава Путирот и влегува олтарот. Излегува со третиот Путир и стои на спротивната страна . Сите луѓе почнуваат да се движат кон него. Со гест го запира народот, му го дава Путирот на третиот свештеник и оди до олтарот. По завршувањето на Причеста излегува да проповеда и го кажува следново: „Сега морам да им честитам на сите кои се причести ја со Светата  Причеста. Јас би сакал да ве избркам од храмот со камшик, како што Христос ги избрка пазарџиите, зашто виe бевте подготвени да ја замените Христовата Крв за некој м...

Во човечкиот живот има три Крста - еден од нив мора да се носи...

  Во човечкиот живот има три Крста - еден од нив мора да се носи  Кога ние, посетителите на Светиот гроб, бевме на страшната Голгота, го видовме местото каде што се наоѓаше Крстот Господов.  Лево и десно се местата каде што биле Крстовите на двајцата разбојници.  Само три Крста.  Кога слезевме во една пештера зад Голгота, ни го покажаа местото каде Светата царица Јелена ги откри Крстовите.  Таа открила три Крста: Крстот Христов, Крстот на покајаниот разбојник и Крстот на непокајаниот крадец.  Само три Крста.  Драги мои браќа, и сега има само три Крста што ги носат луѓето.  Еден е Крстот на праведниците.  Вториот е Крстот на покајниот грешник.  Третиот е Крстот на непокајаниот грешник.  Кој Крст е најлесниот?  Крстот означува страдање.  Едно е страдањето на праведниците.  Второто е страдањето на грешникот кој се кае.  Третото е страдањето на непокајаниот грешник.  Кое страдање е најлесно?  Најлеснио...