Откако мајката ги намачка крвавите завои на главата на својот повреден син со маслото осветено на моштите на Света Матрона, детето оздраве.

Како доктор и како Христијанин можам да потврдам дека Коља го извлекоа од оној свет родителските молитви, кажа хирургот Александар Огородников.

Мислевме дека со таква дијагноза нема да преживее ниту десет дена.Докторите му даваа максимум десет дена живот.

Но докторот и кажа: Моли се мајко.

Петнаесетгодишниот ученик го удри автомобил додека ја претрчуваше улицата.

Детето удри во шофершајбната и одлета осум метри од автомобилот. Со скршен череп и со крваво лице детето со брза помош веднаш беше однесено на операциска маса.

Татјана Золкина го најде својот син во болницата дури кога беше завршена операцијата.

Излезе уморниот хирург и ја тргна мајкаму на страна: Вашиот син има прелом на черепот отворена повреда на черепот, двостран внатремозочен хематом...

Опростете, и одговори хирургот кога го прекина Татјана, молете се...Молете го Бога за чудо.

Болничарите ја смируваа мајката на детето: немојте да паѓате со духот, надежта постои. А помеѓу себе си зборуваа дека детето нема многу да поживее.

На детето два пати му ја отвараа главата, а делот на нагмечениот мозок просто го одстранија.

Медицинските сестри помеѓусебе си шепотеа: Подобро би било да умре,мајкаму ќе преживее и ќе заборави.

А вака ќе се мачи целиот живот со него, тој веќе не е човек туку билка.

Животот на Золкини застана...проаѓаа денови, а детето не се освестуваше. Болно беше да ја гледате Татјана: се претвори во сенка која оди.

Од страшната депресија ја извлече нејзината другарка.

Таа ми се јави и ми кажа дека треба да отидеме во Москва во храмот и да и се помолам на Света Матрона - таа помага на сите очајници,кажуваше Золкина. 

Со целото срце поверував дека таму е нашето спасение.

Веќе следниот ден мајката на Коља и баба му на колена клечеја во Храмот пред моштите на Света Матрона.

Ми се чинеше дека Света Матрона од иконата гледа право во мојата душа и дека ги гледа сите мои маки.Верував дека не слуша и дека нема да не остави без помош...

Жената од црковната продавница ни подаде едно шишенце со осветено масло од Светите мошти и ни кажа со него да ги помажеме раните на детето.

На интезивната нега не пуштија само пет минути само да го видиме Коља.

Коља, ќе живееш. Света Матрона нема да не остави,плачеше мајка му мажејќи ги крвавите завои со осветеното масло.

А баба му стави под неговата перница икона на Света Матрона.

Чудо

Детето неподвижно лежеше на креветот.

Младата медицинска сестра веќе излегуваше од собата кога слушна еден глас.

Некој ја замоли ако може да му даде вода да се напие. Се сврте не верувајќи на своите уши.

Дајте ми нешто да се напијам...

прозборе детето.

Девојката ја испушти тацната со лековите и отрча кај докторот.

Следното утро се собра конзилијумот.

Доктирите беа во недоумица: по сите параметри дојде до подобрување на состојбата.

Уште неколку месеци детето беше во болница.А во септември се врати во своето училиште, самостојно стигна да го научи школскиот програм.

Како доктор и како Христијанин можам да потврдам дека Коља беше извлечен од оној свет со помош на родителската молитва,кажа хирургот Александар Огородников.

Мислевме дека со таква дијагноза нема да преживее повеќе од десет дена.

А тој буквално се врати од оној свет и во потполност закрепна...


СЛАВА МУ НА БОГА!!!





Comments