Ти благодарам Боже мој!
(Вистинска приказна)
Мојата баба, од страна на татко ми, целиот живот беше едноставна селанка од Сирија, кој ниту знаеше да пишува ниту да чита.
Но беше верник.Било што да работеше секогаш го имаше името на Бога на своите усни.
По илјада пати дневно би кажала ,,Ти благодарам Боже"!! И тоа не само кога ќе и се случеше нешто добро туку и лошо.Ако супата претечеше додека се вареше,пак кажуваше:,,Ти благодарам Боже.Благодарам.Ти благодарам Боже мој"!
Еднаш ја прашав зошто му благодари на Бога кога и се случило лошо.
Таа се насмеја и ми кажа: ако се случи нешто лошо тоа е зошто ја загубивме врската со Бога.
Сето тоа тогаш ми беше многу чудно, дури и ако таа инсистираше и јас исто така да правам.
Еднаш паднав и го огребав коленото, а таа ми кажа да кажам: ,,Ти благодарам Боже"!
На необичен начин овие зборови имаа ефект и не ја почуствував болката во коленото.
Кога имав 7 години појдов на училиште.
Потекнувам од обоена раса и синооките и синокосите деца ме исмејуваа.
Бидејќи бојата на мојата кожа беше темна, прекарот ми беше ,,Арапин".Го мразев училиштето и ги молев родителите да не ме присилуваат да одам.
Им беше многу непријатно поради мене, но неможеа да ме заштитат секогаш. Тогаш мојата Ситоу(Сириски збор за баба) слушна што ми се случува и ми кажа дека морам секој пат да кажам:,,Ти благодарам Боже мој", секогаш кога деца би ме навредувале.
Во тој момент помислив дека тоа е најглупата идеја која некогаш ја слушнав.
Но неколку дена подоцна, кога цела група на деца започна да вика:,,Арапе,арапе,арапе", нешто се случи: пробував да ги задржам солзите, трудејќи се со целата своја сила на телото, да не изгледам расплакано и да не дозволам да ме видат како плачам.
Но неможев да се воздржам.
Солзите дефинитивно ќе потечеа.Тогаш се сетив на зборовите на бабами:,,Ти благодарам Боже"!
Започнав молчејќи да ги повторувам во себе:
,,Ти Благодарам Боже,Ти Благодарам Боже мој! И тоа помогна.
Незнам што точно се случи, но солзите ги снема.Одеднаш престанав толку да се грижам за тоа што мислат за мене.
Можеби тоа се случи зошто чувствував дека сега го имам за пријател самиот Бог.
Сето тоа го правев веќе долго низ годините.
Од тогаш станав успешен сценарист. Го пропатував целиот свет и запознав на стотина прекрасни луѓе.
Мојот живот е поубав него ли што можев да го замислам. Во тек на целиот живот секогаш повторувам: ,,Ти благодарам Боже мој"!
Понекогаш тоа го кажувам по сто пати дневно, како што правеше мојата сакана баба.
Уште чувствувам потреба тоа да го кажувам:
,,Ти благодарам Боже. Благодарам Боже мој. Ти благодарам Боже мој"!
Murrey Salem Американски глумец и сценарист