Во една прилика старецот ми раскажа една случка:

Еден човек стана рано пред зори, додека уште не беше се разденило, да оди на работа. На патот го сретна еден коцкар и си помисли: Каде ли ќе оди толку рано? Највероватно да се коцка на некое тајно место.


Покасно го сретна еден Православец и си помисли во себе: Гледаш, станал толку рано да отиде во некоја Црква да се помоли пред да отиде на работа.


 На крај го сретна еден лопов и си помисли: Овој сигурно оди да краде, зошто уште е неразденето и сите спијат.


Старецот се насмеја...


- Гледаш, сите ги оценуваат работите во склад со својот духовен раст. Ако има некој искварена помисла, и неговата "машина" е покварена, и да ставиш "злато" во не ја... таа од него ке направи "златни куршуми" да би убивал.

...(молчење)

-Страшно! Страшно! Најголемата човечка болест е покварената помисла... Лошата помисла е тешка болест!!!



Свети Пајсиј Светогорец