ПРЕДАЈ ГИ ГРИЖИТЕ НА БОГА
Кога работите лошо тргнат, кога не функционираат по нашите планови, кога односите во нашето семејство се искомплицират, кога нашите деца не напредуваат, кога слабоста и болеста настапат, кога незнаеме што да правиме, кога не можеме да најдеме мир, кога не сме во можност да учиме, кога не можеме да се молиме и се чувствуваме потполно изгубени - да не ја изгубиме надежда.
Да кажеме просто: Мој Господе, прави што сакаш. Јас незнам; Ти знаеш; Ти ме сакаш.
Ако сакаш мене и моето семејство да го разделиш - тоа нека се случи, ако е тоа Твојата воља.
Кога оваа ќе го кажеме, тогаш Бог, Кој го сака своето создание, доаѓа и ни дава сила, благодат и утеха кои се надвор од разбирањето на било што доаѓа од надвор.
Тогаш навистина ќе разбереме што значи тоа што Јона плачејќи го кажа од утробата на китот, и беше спасен,и дека Христос Воскресна од мртвите.
Старец Василиј Светогорец
Comments
Post a Comment
Напиши коментар