Тој го исчисти мојот дом

Некој патник сврати кај мене да преспие во мојот конак

Тој со себе носеше една празна вреќа.

Вечераше со мене, и јас сум заспал.

Утредента ме разбуди силно викање на градските стражари. Ми кажуваа како оној патник ме ограбил.

 Го виделе, како зборуваат како подгрбавен до земја изнел полна вреќа со мои работи.Потрчале по него но не можеа да го стигнат.Тој чекореше лесно, но чекорите му беа џиновски.

Кога излезе од градот, ја запалил вреќата и се изгорело. Остана само чист бел пепел, а тој исчезна.

 Погледнав во мојата куќа и видов дека се е во ред. Сите работи беа на број. Целата куќа исчистена, поткадена и намирисана.

Се беше наредено подобро отколку што беше вчера. А јас се чувствува лесен, светол и радосен од порано.

Чувствував како да имам крилја. Срцето ми пееше.

Господо ноќни стражари им реков,оној патник ништо не ми украде. Тој го исчисти мојот дом, го однесе само ѓубрето од мојот дом. И му благодарам што ѓубрето го изгоре со огин.


Домот - тоа е мојата душа.

Ѓубрето - тоа се моите гревови.

А патникот - тоа е Тој.


Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе.

(Јован 1:29)



Свети Николај Велимировиќ


Comments