Еден мудар татко почувствува дека му се ближи крајот, па посака на својот син единец да му остави важна поука што ќе му помогне подобро да ги сфати вистинските животни вредности.


Го повика тој до прозорецот и го праша:


– Синко што гледаш?


– Луѓе… Гледам луѓе како се движат по улицата тато – збунето одговори синот. Потоа таткото му подаде огледало и повторно го праша што гледа.


– Сега се гледам себеси – одговори синот.


– Е, гледаш синко! И прозорот и огледалото се направени од исто стакло, со една мала разлика – на огледалото има тенок слој од сребро, кој не ти дозволува да гледаш низ стаклото. Така е и во животот: таму каде што среброто ќе застане помеѓу тебе и луѓето, ќе се гледаш само себеси.



Извор- интернет 

Comments