Израснала сиромашна мајка син единец.Се мачела откинувајќи од својата уста ,само тој да застане на свои нозе.И синот пораснал ,строен како бор,силен и цврст како од карпата одделен, добар како добар ден.

Гледајќи ја немоќната ,збрчкана и подгрбавена на синот му беше жал застарата мајка.На дното на своето чесно срце тој осети должност да и се оддолжина својата мајка.Затоа тој појде во блискиот манастир да побара совет.

Под столетниот храст се одмараше седиот игумен,со снежна брада до појас замислен ја набљудува природата во зората.Во далечината сонцето полека тонеше.Силно руменило беше го преплавил целиот видик.

Низ побожната вечерна тишина се разлеваше песната на славејот .

Младичот застана пред игуменот. Тоа беше средба на два живота: еден што допрва развива и друг кој се завршува.Стариот монах се тргна од мислите.Здогледувајќи го стројното момче ,благите очи му блеснаа со татковска милост.

-Оче игумене - почна момчето,откако му ја бакна раката- ти си искусил ,доживеал и научил многу ,па ќе умееш да ме посоветуваш имене.Погледни ме !Мојата мајка плати крваво додека ме подигна на нозе.Стенкаше од прекумерна работа,се превиткуваше како црв и гладуваше,јас растев од нејзините залаци,солзи и пот.Сега еве,имам и мускули и плеќи како Крале Марко,а сакам да и се оддолжам за добрината мајкина.Кажи ми ,те преколнувам,како да го направам тоа најдобро и немој да ме штедиш.

Игуменот се замисли,очигледно барајќи во сеќавањата за начинот што подобро би му покажал на момчето колку е тешко да и се оддолжи на мајка му.После долга тишина тој рече:

- Па убаво ,синко, кога веќе си решил,еве како ќе и вратиш на мајка ти за добрината.Погледни ја оваа наша црква- игуменот покажа со раката кон манастирскиот храм кој се белееше недалеку во полутемното зеленило,и на чиј позлатен крст дотлеуваше вечерниот жар.-Гледаш колку е мала!Ако ја понесеш мајка ти сто пати околу црквата ќе го искупиш својот долг како син.

На момчето му се видоа чудни зборовите на игуменот,дури мислеше дека старецот се шегува со него,но кога го виде неговото болежливо светителско лице,тој се тргна и полн со младешка самодоверба радосно кликна:

Оче игумене,ако е тоа се што барате од мене,тогаш однапред ти кажувам дека сум и се оддолжил на мајка ми.Но тоа е премалку-додаде некако разочарано.

Утредента ,пред зората ,мајката и синот веќе беа во манастирот.Ја ислушаа утрената и тогаш синот ја зеде на јуначките рамења мајка му ,онака стара слаба и лесна како дете.Набрекнат со снага крепка и челична младост, одпрвин не ни осеќаше тежина на плеќите.Со одлучен ,брз чекор кружеше околу храмот како да не носи ништо.Дури на триесетиот круг осети како мајка му му станува тешка.Но како чекореше и понатаму,се поспоро потклекнувајќи малаксано, и додека капки пот му капеа на челото,тој изброја во себе дури половина.Уште три,уште четири- пет пати и синот одвај имаше сила да ја спушти мајка му.Тетеравејќи се од умор и душевна болка,се сруши на колена пред игуменот,а во убавите очи навреа топли солзи ,тага и разочарување.

- Оче духовниче,јас не умеам ,не сум во состојба ,јас сум немоќен да и се оддолжам на мојата мајка!

Допрен од плачот, игуменот го помилува момчето со старата и треперлива рака по русата коса и му рече:

-Стани синко!НЕ МОЖЕ НИКОЈ на мајка си да и се оддолжи ,но ти со твојата

добрина го направи тоа.




извор : Интернет

Comments