Една година на поклонение во манастирот  Острог замина една старица.

Беше толку сиромашна да немаше што да понесе на патот освен онаа што го имаше на себе, но маката и неволата ја натераа да отиде кај Светителот и да побара утеха. 

Сепак знаејки дека таму ке добие утеха, но немајки со што да му заблагодари на Светителот, немаше никаков дар да му понесе, ниту пари да остави покрај иконата таа ги соблече опинците во подножјето на ридот и боса тргна накај манастирот.

Луѓето кои ја сретнуваа, ја гледаа старицата која одвај одеше, како на грбот ги носеше опинците и боса одеше по острите камења, додека стапалата и беа во крв.

Луѓето ја опоменуваа, некои грижливо ја гледаа, а други и се посмеваа.

Таа кротко им одговараше:

Јас немам што да понесам на Светителот, се што можам да му донесам е мојата болка.



Извор: интернет 

Comments