ЛЕК ПРОТИВ ГРЕВОВИ
Еднаш еден монах,проаѓајки покрај еден скит здогледа еден старец на кој му се обраќаа полно луѓе за исцелување на разни болести.
Кога монахот се приближи, старецот го праша:
- А ти што сакаш?
Дали на светот постои лек кој помага против гревови? праша монахот.
Старецот му одговори:
- Постои како не постои. Ке земеш корен на духовното сиромаштво,листовите на трпението,цветовите на смирението,ке набереш молитва од гранката.
Потоа се тоа заедно измешај го во котелот на послушанието, процеди го низ ситото на добрите помисли и стави го во чинијата со чиста совест.
А потоа залеј го со солзите на љубовта, а самиот во меѓувреме распали го пламенот на желбата по Бога.
Кога се тоа ке се свари како треба, пресипи го во садот на расудувањето.
А кога ке каснеш кашика од овој лек, немој да заборавиш да се измиеш со покајание - и така ке се излечиш од мноштвото на гревовите
Извор: интернет
Comments
Post a Comment
Напиши коментар