Иако доцна попладне,сонцето веќе се беше збогувало со нас. Манастирот искапен во нијансите на зајдисонцето изгледа како песна која за прв пат ја читате.
Чекорам по просторот на тишината.
Полуотворениот прозорец ми влегува во очите.
Пристапувам со стравопочит...
Кандилото трепери од тивкото ветренце кое ја напаѓа собата.Мирис на темјан се шири низ просторијата.
А таму внатре пред едноставниот иконостас, на колена стои една фигура,нема,полна со мистерија.
Лицето му се гледа во полутемнината.Монах.Нема повеќе од 40 години, а косата и брадата побелени, како да е остарен многу предвреме.
Убавината на младоста се изгубила во постот,будност,доброволно сиромаштво, молитва.
Неподвижен. Клечејќи.Неговите раце ја држат бројаницата. Не се слуша никаков глас, само усните се отварат и затвараат во одреден ритам.,,Господе Исусе Христе помилуј ме".
Од затворените очи протекуваат неколку солзи. Можете да ја почуствувате неговата болка и неговата радост.Неговата смиреност.Неподвижен. Клечејќи.
По некое време станува.Тешко е. Полно време е во оваа положба и нозете го издаваат.
Неговото вкочането тело пробува да се покори.Тој сега стои.Криво.Побелено во црна боја.Фатен во замката на моментот.
Одеднаш се свртува спрема мене.Очите му беа вперени кон мене. Полуотворениот прозорец ме издаде.
Мојот здив звучеше како силен удар пред неговата тишина. Не зборува со мене.
Само ми намигна.Намигна и замина.
Исчезна низ мојот поглед.
Очите му беа уморни, но и понатаму чисти како да ме гледаат.Ништо не ми кажа, но разговараше со мене.
Па,што; Дали разбравте дека ме видовте? Видовте еден грешен монах како бара милост. Видовте просјак на Неговата Љубов.
Видовте патник кои и понатаму се бори со своите страсти.
Ја видов понизност.Ја видов автентичност на верата.Ја видов светлината на Воскресението во полутемнина.
Ја видов убавината на тишината...Ја видов победата на молитвата.
Ме виде и замина...но никогаш не замина од мене.
Замина, но никогаш неговиот лик не се изгуби од моето срце.
Ми намигнува секој ден,секој момент и ми кажува:
Што разбравте кога ме видовте?
Дали имавте корист од нешто?
Кога ќе се промените?
Кога ќе се покаете?
Кога ќе живееш?
Кога ќе прогледате?
Кога ќе слушате?
Кога ќе допрете?
Знаете добро за што ви зборувам, за Кого ви зборувам...
Кога ќе го доживеете Неговото присуство?
Кога ќе ја видете Неговата Светлина?
Кога ќе го слушнете Неговиот Збор?
Кога ќе го слушнете Неговиот Повик?
Кога ќе ја допрете Неговата облека?
Вие добро знаете за Кого ви зборувам.
За Оној за кој копнее твојата душа.
Што бара вашата логика.
Каде гледаат вашите прашања?
Тој монах секојдневно ми намигнува,зборува со мене, ме поттикнува да чекорам, ми дава храброст да продолжам.
Тој монах ми намигнува секој ден и тогаш се изгуби. Живеам сам со своите избори.Останувам неподвижен,нем,клечам сега.
Помина некое време откако застанав пред тој полуотворен прозорец.Незнам дали од тој момент напредував духовно.
Едно што знам дека тоа ме прогонуваше.
Ме прогонуваше неговата автентичност.Ме прогонуваше неговата тишина, ме прогонуваше неговата невина форма.
Незнам што се случи со овој монах.Никогаш веќе не го видов. И немора повторно да го видам. Што и да ми даде, ми даде.
Ми ја понуди Вистината. Ми ја покажа убавината на понизноста.Ми докажа дека и јас тоа го можам, се додека се осмелувам...
Полуотворениот прозорец ме внесе во тајниот свет.Божјиот Свет. И на тоа сум
благодарен...
Превод: И.Т
Comments
Post a Comment
Напиши коментар