Од изутрина сум во зафрленото село на север Кивуа. Кога стигнав во селото, ми пријде едно мало девојче со мајкаму. Сакаше да ме прегрне како што гледате на фотографијата и ми шепна тивко на увото?


- Отец, дај ми леб!


Испратив некого да купи леб на блискиот пазар, но кога и дадов ми кажа...

Не, не го сакам тоа!!


Зедов една бонбона и ја дадов, но таа повторно ми кажа...

Не, не сакам!!


Па така незнаев што сака. Ја замолив нејзината мајка да ми објасни.

Таа ми кажа дека детето сака да се причести, зошто сме осум месеци без Боженствена Литургија.

Одлучив брзо да започнам изградба на колиба како би ја одржал Литургијата и да  го причестам девојчето.




Сабота, 26.6.2021


Јеромонах, отец Харитон Илунга Мусунгаи

источен Конго погоден од силна ерупција на вулканот Нирагонго

Comments