Во Древниот Патерник се наведува следново споредување:
Кога котелот се загрева на огинот, тогаш на него нема да слета ниту една мува со своите бактерии, а кога котелот се олади, тогаш по него трчаат разни инсекти.
Така е и со душата.Кога е загреана со молитва, таа е недостапна на сите лоши влијанија на демонот.
Душата ја искушуваат кога таа се лади, кога пламенот на молитвата во нас згаснува. Но кога повторно се помолиме, искушенијата се распрснуваат.
Тоа секој може да го провери на сопствениот пример: во момент на жалост, кога не притискаат проблеми или срцето пука од лоши помисли,треба да започнеме да се молиме на Господа, кажувајќи ја Исусовата молитва и нападот на злите помисли ќе исчезнат.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар