Живееше во еден град една убава блудница и имаше многу пријатели. Дојде еден господар кај неа и кажа: Вети ми дека ќе станеш честита и јас ќе те земам за жена.
И таа му вети.И тој откако ја зеде, ја одведе во својата куќа. А нејзините пријатели, барајќи ја зборуваа: Тој и тој господар ја одведе во својата куќа, ако отидеме во неговата куќа тој ќе дознае и ќе не казни.
Да појдеме подобро од задната страна на куќата и да и свирнеме, а таа познавајќи го нашето свирење, ќе слезе до кај нас, и ние така ќе бидеме недолжни.
Но таа кога го слушна свирењето, ги затна ушите и потрча накај внатрешноста на куќата и ја затвори вратата.
Зборуваше старецот дека таа блудница ја представува човековата душа, а нејзините пријатели човековите страсти, господарот е Христос, а внатрешноста на домот е вечното живеалиште.
А оние кои и свират се лукавите демони. Но душата секога прибегува кон Господа.
Ава Јован - Старечник
Comments
Post a Comment
Напиши коментар