Се сеќавам на едно старче од манастирот  Есфигмен кој беше толку прост(необразован) кој и за Вознесението мислеше дека е Светец.Тој би направил една метанија и би кажал: :Светителу Божји застапи се за нас!".

Еднаш еден брат се разболе, а тој немаше што да му даде да касне. Слегуваше и се качуваше по скалите, па го отвори прозорецот, ги испружи рацете спрема морето и кажа: "Свети Вознесение, дај ми една риба за мојот брат".

И веднаш- чудо - една многу голема риба скокна од морето во неговите раце.

Оние кои тоа го гледаа, беа зачудени.

Тој ги погледна и само се насмеја; како да им зборува:" Што чудно видовте?"Ние имаме знаење, знаеме кога се кој Православен Светител прославува, како е некој маченички пострадал.

Знаеме кога е празникот Вознесение, каде и како се случило, меѓутоа не можеме ниту една таква риба да добиеме!

Тоа е таа чудесност на духовниот живот, која ние ја бараме во логиката, а не во Бога, неможат да ја разберат, зошто го имаат единствено знаењето на овој свет, кое е соединето со духовните болести на овој свет, а го немаат Светиот Дух.




Свети Пајсиј Светогорец

Comments