Молитвата која ја напиша старецот Тихон
Света Голгото, Боженствена Голгото,
осветена со Крвта на Исуса Христа!
Те преколнувам, откриј, колку илјади грешници со Божјата Благодат ги приведе кон покајание и солзи, ги очисти и го наполни со нив Рајот Божји!
О Христе Цару! Со Твојата Благодат и безгранична љубов Ти ги полниш Небеските Семејства со душите на оние кои Ти се покајаа!
Ти сите кои Ти приоѓаат ги милуваш и спасуваш. Никој не може достојно да Ти се заблагодари, дури и ако има Ангелска мудрост.
Среќни грешници, дојдете на Светата Голгота, таа е отворена за сите, зошто Христос наш е многу милостив!
Паднете пред Неговите Свети нозе,бакнувајќи ги со чиста љубов.Само единствено Тој може да ги исцели вашите
тажни души, да ги напои со спасоносни солзи, да вие во смирение, со покајничка љубов ги измиете Неговите пречисти нозе.
Тогаш Тој вас ќе ве измие од секаква нечистотија и ќе ви ги отвори вратата од
Неговото Царство Небесно каде ќе бидеме во неискажлива радост заедно со Архангелите и Ангелите,со Херувимите и Серафимите и со сите Свети и во блажена вечност ќе го славиме Спасителот Свет, Најслаткиот Господ наш Исус Христос, Божјиот Агнец,заедно со Отецот и Светиот Дух - Троицу Едносуштнују и Неразделнују!
АМИН!
Comments
Post a Comment
Напиши коментар