Кога во човековиот ум
пламти сеќавањето на Бога, тогаш и срцето негово се разгорува со огнот на
љубовта Божја, а неговите очи постануваат вруток на обилен плач. Човекот кој се
наоѓа во ваква состојба никогаш не е без солзи, оти тоа што го тера постојано да
се сеќава на Бога секогаш врие во него. Таквиот човек разговара со Бога дури и
кога спие. Зошто љубовта потребува сé да биде вака. Тоа е совршенството кое
започнува уште во овој живот. Оној кој ја стекнал љубовта, Го вкусува Христос
секој ден и секој час, со што постанува бесмртен. Љубовта е многу послатка од
животот. Оној кој се здобил со љубовта се облекува во самиот Бог.
Свети Исак Сирин
Comments
Post a Comment
Напиши коментар