"... Менталните болници би биле празни ако Христијаните се исповедаат православно, чистo и искренo, смиренo и послушно на духовникот кој поседува расудување, па нека биде малку и строг.  Тогаш достоинствено би се причестувале. Тогаш на никого не би му пречела  вознемиреноста, проблеми со големи искушенија. Треба да знаете дека сè доаѓа од егоизмот, непослушност и лошите помисли. Послушанието е живот, непослушноста е смрт ... Сега гледам дека некои, штом ги променат своите животи, почнуваат да бидат ,,наставници,, на други, иако сè уште живее ,,стариот,, човек во нив. Кога некој навистина се покае, престанува да живее во блуден живот и започнува да води духовен живот, тоа е охрабрување и помош за другите. Но веднаш да станете духовен човек и да проповедате, е тоа е веќе прелест. Ако сакате да и помогнете на Црквата, тогаш подобро е да побарате да се поправите вие самите, отколку да гледате како да ги поправите другите. Ако се исправите самите себе веднаш се исправува еден дел од Црквата. Ако се разбира, сите би го сториле тоа, Црквата ќе заблескаше. Но, денес луѓето се занимаваат со сè и сешто, освен со себе, бидејќи справувањето со себе си бара напорна работа, а справувањето со другите е многу лесно ...




Свети Пајсиј Светогорец


Comments

Post a Comment

Напиши коментар