Прекрасна приказна за монахот кој го напушти манастирот и замина да работи како физички работник на Александриското пристаниште
Како и на секое пристаниште така и на оваа имаше полно проститутки.Монахот работеше по цел ден, а во ноќта сите пари кои ги заработуваше ги трошеше ,,купувајќи" го друштвото на проститутките за цела ноќ.
Тоа беше срамота за сите Христијани во градот,тоа беше скандал за Црквата. Годините проаѓаа и покрај апелите и препораките, монахот го продолжи својот грешен живот.
Некогаш, како и кај сите нас, смрта е откуп,како лек кој ќе го спаси од гревовите кои не престана да ги прави дури до самата смрт.
И како да го остават не погребан?Градските свештеници го однесоа во Црквата да го спремат за погребение.
Веста дека монахот починал брзо се прошири. Кој би му дошол во Црквата да се опрости од него?
Црквата на неговиот погреб беше исполнета со жени од Александрија, жени Христијанки, кои дојдоа да се опростат од него, но не како кај било кој, туку како кај Светител!
Некој во нив виде познато лице на една проститутка која често беше на пристаништето, другите видоа лица на други проститутки.
Тогаш градот дозна дека монахот Светецот, кој со заработените пари, ги откупуваше ноќите без грев, го купуваше правото на нивното тело како би ја придобил нивната душа.
Тогаш градот дозна дека онаа што го сметаа за ,,скандал" е чистота, безусловна љубов, самоодрекување, човек,збор Божја, молитва обожение.
Зошто на човекот Христос не му се суди во тек на неговиот живот, туку на неговиот крај.
Зошто дури и кога живее ,,како што треба", мора да сведочи, мора да го живее сведочењето и мачеништвото. И најпосле, кој е скандал другите или ние?
Дали јас сум тој кој ја става маската кон другите, маската кој ми одговара?
Зошто се плашам дека лицето нема да ми се открие?
Светлината е за оние кои никогаш не ја видоа своето ,,животинско" во себе, а живеат не држејќи ја вагата во рацете...
Comments
Post a Comment
Напиши коментар