Не постои ништо поголемо од чистото срце, зошто таквото срце постанува престол Божји.Дали постои нешто пославно од престолот Божји?
Секако да не. Така зборува Господ за оние кои имаат чисто срце: Ќе се вселам во нив,и ќе живеам во нив,, и ќе им бидам Бог, и тие ќе станат Мој народ(2Кор.6:16).
Кој е посреќен од тие луѓе? Од какво добро се лишени? Зарем не се наоѓаат сите богатства и сите дарови на Светиот Дух во нивните блажени души?
Што уште може да им недостасува? Ништо,навистина ништо! Зошто тие во своите срца го имаат најголемото богатство: Самиот Бог!
Comments
Post a Comment
Напиши коментар