Започнува часот. Учителката почнува да прашува:


-Деца, знае ли некој за некакво чудо?


- Девојчето воспитувана во Православно семејство, подигна рака. Учителката се двоумеше, но и даде збор.


- Чудо се случило кога Бог ги спроведе Израилците низ Црвеното море.


– Учителката која беше атеист и неверуваше во Бога, сакаше тоа да го негира.


- Тоа не може да се нарече чудо. Научниците утврдија дека во одредено време, на одредено место морето се повлекува до висина на колената, па е можно да се пројде преку него.


Потоа продолжи со прашањата:


- Деца, знаели некој за било какво чудо?


И повторно истото девојче подигна рака.


Учителката, немајкаде, и допушти да зборува.


- Чудо се случило кога фараоновата армија се удавила во морето во кое водата била до колена.




Comments