Се наоѓаш во тајниот живот кој ти го подари Бог.Заблагодари му на Него и не го присвојувај, зошто ако го присвоиш го губиш.
Излези од школката на своето самољубие. Не сакај ништо за себе. Кажи: имам повеќе верба во Тебе, Кој си ме довел во животот, него ли во себе. На Тебе ти го препуштам целиот живот свој и својата надеж.
Не ти зборувам што треба да правиш.
Ти кажувам да правиш што сакаш. Зошто Ти си ме привел во животот.
Сега имам храброст да го дадам, и животот свој, на Тебе кој си ми го подарил.
Ти си мое минато и моја иднина. Немам друг. Прави што посакаш. Видов дека до сега ме облекуваше во доброчинство, знајно и незнајно
Многу повеќе со незнајно, зошто се е доброчинство. Дури и страдањето, за кое мислев дека се проклетства, само се силни благослови.
Спрема тоа, крајот на мојата молитва се зборовите: Да бидне Твојата волја.
Подобро страдање по Божјата воља од која ке се роди утеха, него ли фантастичен успех, кој го доживувам како сигурен пекол.
Игумен Василиј Гондикакис
Comments
Post a Comment
Напиши коментар