Дваесетина деца тоа попладне беа силно возбудени, немирни, бучни.
Во училницата влезе учителката по веронаука како би започнал најавениот тест по веронаука.
Во истиот момент настапи општа тишина и сите деца со нетрпение ги чекаа прашањата.
Првото прашање беше: Кој е Бог? започна да диктира учителката.
Второто прашање беше: Како знаеме дека Бог постои и ако никој не го видел?
После дваесетина минути сите деца ги предадоа тестовите на учителката и таа ги прочита еден по еден.
Првите 19 беа скоро сите со исти одговори тоест со се онаа што ги учеше учителката по веронаука на часовите: Бог е наш Отец, Тој ги створи небо и земјата, морето и се што постои. Сите одговори беа многу слични.
Потоа учителката го повика ученикот Лука, еден ситен, многу хиперактивен ученик со светла коса и плави очи.
Го замоли да дојде до нејзиниот стол и му го предаде неговиот тест и го замоли да го гласно прочита пред сите.
Лука во страв дека ке се посрамоти пред целиот клас, започна да плаче. Но учителката го охрабри и тој започна да чита:
Бог е како шекер кој мојата мајка секое утро ми го става во млекото за појадок.
Јас не го гледам шекерот во шољата, но ако мајками случајно забрави да го стави јас веднаш го почуствувам неговиот недостаток.
Ете, така е и со Бога иако не го гледаме, но ако го нема, нашиот живот е горчлив, без вкус.
Големо ракоплескање се зачу во училницата, а учителката му се заблагодари на Лука за оригиналниот, едноставниот и толку вистинит одговор.
Потоа додаде: Гледајте деца, онаа што нас не прави мудри не е да знаеме полно работи, туку да сме уверени дека Бог е дел од нашиот живот.
Да не заборавиме да го додаваме овој ШЕКЕР во нашите животи.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар