About Us / За Нас




„Православни Духовни поуки од Светите Старци“

Овој простор е создаден со една единствена цел: да ги приближиме вековните мудрости и духовни совети на Светите Отци до современиот човек кој трага по мир, вистина и спасение.

За овој блог: Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. Овој блог е создаден во 2021 година од двајца браќа, со благослов и желба за споделување на духовната ризница на Православната Црква. Нашата единствена цел е сочувување и пренесување на непроценливото духовно наследство на македонски јазик. Во времиња на големи искушенија и брз начин на живеење, веруваме дека поуките на Светителите и Светите Старци се светилник кој го покажува патот кон внатрешниот мир и заедницата со Бога.

Содржините на овој блог се преземени од автентични православни извори: житија на светителите, духовни разговори, беседи и поуки. Веруваме дека зборовите на Светите Отци се безвременски лек за душата и затоа се трудиме тие да бидат достапни на македонски јазик за секој добронамерен читател.

Блогот го уредуваат долгогодишни верници, кои во духот на православието сакаат да останат анонимни, оставајќи им на поуките на Светителите да го водат патот.

Слава Му на Бога за сè!

Можете да не најдете на Facebook со кликнување на линкот: poukinasvetitestarci

Можете да не контактирате преку маил : oliver.orthodox@gmail.com


✍️  „Православни Духовни поуки од Светите Старци“

Comments