Преку осум доблести човекот ги победува тие страсти.
Те искушува искушувачот со страста стомакоугодување?
Наоружај се со Евангелска издржливост и пост - и си го победил.
Те искушува со блудната страст? Исполните ги своите ноќи и своите денови со молитвено бдеење.
Те искушува со глад и жед - победи ги и тие искушенија.
Те искушува ли лукавиот искушувач со среброљубие, ти засакај го Евангелското сиромаштво и ке ја победиш погубната страст.
Те искушували искушувачот со страста на гнев, скроти се себе со Христовата кротост, моли се како Тој за оние кои те навредуваат, мачат, распнуваат и ке го победиш тоа искушение.
Можеби те искушува со прекумерна и неразумна тага?
Не тагувај никогаш за ништо минливо. Не тагувај кога те навредуваат, не тагувај кога те мачат, туку напротив, во се тоа радувај се со Апостолска радост и ке го победиш тоа искушение.
Те искушува неуморниот искушувач со депресија која може да те доведе до самоубиствен очај?
Веднаш барај си работа, или читај или работи било каков рачна работа, или се цврсто моли.
Те искушува вештиот искушувач со суетна страст, со страста на самољубие, избегнувај ги пофалбите, почестите,позиција, прекорувај се себе: јас сум најлош човек на светот, јас сум најгрешен од сите луѓе и ке го победиш оваа искушение.
Те искушували препредениот искушувач со гордоста, ти му се спротистави со смиреност на смирениот Господ Исус Христос, секој свој подвиг, секоја своја мисла, секое свое добро дело не го препишувај на себе туку на Господа Исуса Христа, и ке го победиш секое искушение.
Свети Јустин Поповиќ
Comments
Post a Comment
Напиши коментар