Skip to main content

Единствено Бог знае се за секој човек.


 

Постар маж влезе во возот со својот 25годишен син и седнаа на своите места.

Младиот човек седна до прозорецот.

Кога возот тргна,младиот човек ја извади раката низ прозорот,како би го осетил струењето на воздухот и одеднаш возбудено извика:

-Тато,погледни како дрвјата се движат наназад?

Постариот маж на тоа само се насмевна.

Покрај младиот човек седеше еден брачен пар.

Тие беа малку збунети поради тоа што младиот човек се однесува како дете.

Одеднаш младиот човек повторно воодушевено повика:

-Тато,гледај езеро и животни...облаците патуваат заедно со возот.

Брачниот пар и понатаму збунето го посматраше чудното однесување на младиот човек,во кое неговиот татко,би се кажало не наоѓаше ништо чудно.

Започна да паѓа дожд и капките дожд ја допираа раката на младиот човек.

Тој  повторно се исполни со радост и ги затвори очите.А потоа извика:

-Тато паѓа дожд,капките ме допираат! Гледаш ли тато?

Сакајќии некако да помогнат,брачниот пар го запраша постариот маж:

- Што не го однесете својот син во некоја клиника на консултација?

Постариот маж ги одговори:

-Само што излеговме од клиника.Денеска мојот син прв пат во животот доби вид!


Не е можно да судиме по делата и постапките на другите луѓе,немајќи притоа потполен увид во се.


Единствено Бог знае се за секој човек.

И поради тоа- Не судите,да не ви се суди!


Comments

Popular posts from this blog

Но зошто децата страдаат за гревовите на своите родители?

 Но зошто децата страдаат за гревовите на своите родители? Писмо за... страдањето и казнувањето на децата за гревовите на нивните родители. Се жалите за горчливата судбина на внуката. Пишуваш дека нејзиното страдање е необјасниво за тебе. Нејзиниот сопруг, службеник, заболел од срамна болест и починал во душевна болница. Таа била заразена од нејзиниот сопруг, а сега исто така завршила во лудница. Ти, знаејќи ја како благородна и побожна жена, се прашуваш како сезнајниот Господ можел да дозволи таков брак и воопшто толку сурово страдање на невино суштество? Ако вашата роднина е навистина побожна и љубезна, тогаш, се разбира, таа невино страда. Тогаш, можеби, треба да се бара причината во гревот на нејзините родители, зашто Возвишениот рече дека: "Кој ја чува правдата и покажува милост на илјадници, Кој проштава беззаконија, неправди и гревови, Кој виновни не очистува, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата – дури и внуците до третото и четвртото колено.” ( 2 Мој. 34:7). Н...

Во човечкиот живот има три Крста - еден од нив мора да се носи...

  Во човечкиот живот има три Крста - еден од нив мора да се носи  Кога ние, посетителите на Светиот гроб, бевме на страшната Голгота, го видовме местото каде што се наоѓаше Крстот Господов.  Лево и десно се местата каде што биле Крстовите на двајцата разбојници.  Само три Крста.  Кога слезевме во една пештера зад Голгота, ни го покажаа местото каде Светата царица Јелена ги откри Крстовите.  Таа открила три Крста: Крстот Христов, Крстот на покајаниот разбојник и Крстот на непокајаниот крадец.  Само три Крста.  Драги мои браќа, и сега има само три Крста што ги носат луѓето.  Еден е Крстот на праведниците.  Вториот е Крстот на покајниот грешник.  Третиот е Крстот на непокајаниот грешник.  Кој Крст е најлесниот?  Крстот означува страдање.  Едно е страдањето на праведниците.  Второто е страдањето на грешникот кој се кае.  Третото е страдањето на непокајаниот грешник.  Кое страдање е најлесно?  Најлеснио...

Раскажува Старица Стефанија од манастирот Свети Стефан кај Охрид...

  Раскажува Старица Стефанија од манастирот Свети Стефан кај Охрид - сега во својата осумдесетта година:  Минатата година бев таму на денот на празнувањето на Свети Еразмо и служев колку што можев.  Кога заминаа гостите, јас преноќив и се одморив.  Ноќе, двајца мажи дојдоа во мојот сон и застанаа на двете страни од мене.  За тој што беше како Господ, мислев дека е Свети Еразмо.  Ми рече: Спиеш а!! спие монахиња?  Му реков дека сум уморна и треба да легнам.  Потоа продолжи:  И какви молитви читате?  Му одговорив дека сум неписмена и стара и дека се молам на Бога колку што можам, на свој начин.  Потоа рече:  Морате да ја кажувате колку што можете почесто Оче наш и Богородице Дево.  И тогаш ми дојде и почнав да ја кажувам Господовата молитва.  Тогаш ја кажав и Богородице Дево и тие го повторија по мене.  Сега читај го Симболот на верата, ми рече старецот.  Почнав и бидејќи не знам многу, почнаа да читаат тие со...

© 2021 poukinasvetitestarci.blogspot.com. Забранетa е неовластена репродукцијa без претходна писмена согласност.