Нашиот леб насушен...


 


Нашиот леб насушен...





 О, Отец мој!  Јас сум твоето дете од крв и месо.  И така јас сум подложен на законот за материјална нужност.

 Притиснат сум од потребите на мојата материјална природа.  Вистински, а почесто лажни или измислени.

 Не можам ни да си кажам кои се вистински, а кои лажни.

 Затоа се засолнувам кај тебе, Отец мој.  И јас те молам.

 Помогни ми да ги разликувам моите суштински од моите несуштински или имагинарни потреби.

Да ги задоволувам моите реални потреби колку што треба.  Направи ме господар, а не роб на моите потреби.

 Дај ми дух на штедрост, умереност...

 Дај ми доверба во твојата љубов.

 Дај ми чувство за заедницата на добрата што ми ги даваш.

 Кога ќе ми Го дадеш лебот, да мислам на моите гладни браќа.

 И без разлика колку малку имам во мојата сиромаштија, да не се двоумам да ги споделам великодушно.

 Да им  даваш на сите како што ми даваш мене великодушно од добрата кои не се мои, туку твои.


 отец Евсевиј Витис

Comments