Еднаш една сиромашна селанка му пријде на свештеникот.
- Оче, уморна сум - му кажа тажно.
- Ние работиме постојано, но има денови, кога освен леб, немаме што друго да им дадеме на децата.
Но, уште повеќе ме растажува погледот на нашата куќа, на дворот, на искинатата облека на нашите синови, на измаченото лице на мојот маж.
Свештеникот се замисли а потоа ја повика жената да појде со него.
И ја покажа преубавата куќа каде во прекрасниот двор се играа децата.
- Што мислиш: дали домаќинката е среќна?- запраша тој.
- Секако! извика жената - како е богата оваа куќа и како се убаво облечени децата!
Потоа свештеникот ја замоли да пријде поблиску и да погледа подобро.
Таа ја виде мајката на овие деца како седи и горко плаче.
- Таа плаче, зошто е слепа откако се родила и неможе да ги види своите деца - тажно и објасни свештеникот.
Тие појдоа понатаму. Наскоро отецот и покажа друга куќа. Таа беше уште побогата од првата.
На прашање од жената дали во неа живеат среќни луѓе, тој и кажа како тоа семејство било среќно се додека не погинал домаќинот.
Сега нема ден да вдовицата не плаче за својот маж, а децата за својот татко.
Понесена со мислите жената не примети како стигнаа до третата куќа.
Тоа беше куќа на ќерката на богатиот трговец.
- Тука е големо богатство и вкусна храна, скапа облека и нема ниедна рачка од вратите која не е златна.
Но, дали се живее среќно овдека?
На нејзиното прашање свештеникот ја отвори тешката врата. Ќерката на богатиот трговец ги поздрави и ги повика на чај. Но како е пуст нејзиниот дом!
Тука немаше ниту деца, ниту се слушаше гласот на мажот.
- Имам и богатство и скапа облека, но немам среќа, кажа домаќинката.
- Немам ниту деца, ниту маж, ниту на кого да зготвам јадење или за кого да се облекувам...
Длабоко замислена сиромашната жена се врати дома.
- Ви благодарам! - срдечно се заблагодари на свештеникот. - Сфатив колку сум била глупа!
Се замарав од погледот на исцепаната облека, незнаејки каква е таа среќа да ги видиш своите деца. Мислев дека среќата е богатство, испаѓа дека среќен е оној кој има некого да му приготви вечера и во чија куќа се слуша детската насмевка.
Извор: интернет
Comments
Post a Comment
Напиши коментар