Старец Емилијан Симонопетритски: Не се мешајте во животите на другите

 


Кога некој суди, Божјата благодат се оддалечува. Затоа, да не го судиме нашиот брат, да не се мешаме во неговиот живот, да не го обвинуваме за ништо, бидејќи за нас тој е свет.

Но вчера згреши.  Не ни е гајле што направи, за нас тој останува свет. Како можеме да знаеме дали од вчера до денес не се покајал, не плачел? Како можеме да знаеме дали бил пијан и не разбрал што прави? Неосудувањето, невлегувањето во животот на друг е ѕид на „војување во знаење“. Знаењето е неопходно. Ако го немаш, не можеш ништо да направиш, не можеш ни Бог да го имаш.

Но, кога го обвинуваш другиот, кога го осудуваш, кога влегуваш во неговиот живот со твоите мисли, со твоето расположение, со твоите барања, со твоите зборови, со твоите совети, тогаш го уриваш „ѕидот на незнаењето“ и остануваш неоклопен, на располагање на злобните стрели на ѓаволот.

✍️ Подготвено од блогот „Православни Духовни поуки од Светите Старци“