Еднаш игуменот на манастирот Кутлумуш, отец Христодулос, имаше некои проблеми и сметаше дека треба рано наутро отиде кај Свети Пајсиј за да се посоветува.

Кога стигна во келијата на старецот,тој беше сам. Додека разговараа, еден елен се појави пред неговата ќелија. Кога го виде еленот старецот му кажа: Ти кажав да не одиш наутро наоколу, зошто може некој да те убие.Еленот ја подигна едната нога и тогаш старецот виде дека ногата му е скршена. 


Влезе во својата ќелија и се врати со една штица која ја врза за скршената нога на еленот како да е гипс. Му кажа: Да се вратиш после 25 дена да ја извадам штицата.


Игуменот го забележи датумот и после 25 дена се врати во ќелијата на старецот за да види дали еленот ќе се врати.Недолго потоа,еленот се појави на вратата кај Свети Пајсиј. Ногата на еленот беше добра. Свети Пајсиј ја извади штицата и повторно му кажа на еленот: Внимавај наутро немој да се движиш зошто си во опасност.

Прекрасен е Бог во Светителите Свои.




Comments